Економскиот раст на Албанија над очекувањата

Собрание на Албанија

Албанскиот министер за финансии Ридван Боде изрази задоволство од економски раст од 3,9 насто во изминатава година.
Според Боде, со тоа се надминати прогнозите на Меѓународниот Mонетарен Фонд и на Владата.
Албанскиот министер за финансии го оцени како „задоволителен“ и извештајот на рејтинг агенциите „Мудис“ и „Стандард енд пурс“, во кои албанската економија е оценета со Б1 во однос на нивото на ризик.