САД: Кина и натаму го држи јуанот на ниско ниво

Американското министертво за финансии соопшти дека Кина не презема доволно мерки за да овозможи слободна трговија со нејзината валута и дека Пекинг не манипулира со вредноста на јуанот.
Претходно членовите на американскиот Конгрес ја обвинија Кина дека намерно ја држи вредноста на јуанот на ниско ниво за да го зголеми извозот и побараа од претседателот Барак Обама да го казни Пекинг.
Во последните извештаи на американските финансиски институции е наведено дека вредноста на јуанот во однос на доларот во изминативе 18 месеци пораснал за 12 проценти.
Се наведува и дека е потребно е да се преземат повеќе мерки затоа што вредноста на јуанот е се уште потценета.