Перез ги повика Израелците на протест против дискриминација на жените

Ултраортодоксен Евреин се расправа со демонстрант за време на протестот против дискриминација на жените и верскиот фанатизам во градот Беит Шемеш во Израел на 26 декември 2011 година.

Израелскиот претседател Шимон Перез ги повика граѓаните да присуствуваат на протестот против дискриминација на жените и верскиот фанатизам.

Протестот е организиран откако една телевизија во петокот покажа снимки на кои се гледа како ултраортодоксни верници плукаат осумгодишно девојче, поради тоа што „не било облечено доволно скромно“. Инцидентот бил снимен во градот Беит Шемеш, југозападно од Ерусалим, каде што има голема ултраортодоксна заедница. Откако снимките беа објавени, во градот избија протести.

Перез повика на солидарност против дискриминацијата.

„Никој нема право да и се заканува на девојка, на жена или на кој било, поради таква работа. Тие не се владетели на земјата. Сите ние сме граѓани на оваа земја и нема ниедна организација што одлучила што да контролира ниту на едно место“, рече Перез.

Се очекува десетици илјади луѓе да се соберат на вечерашните протести во Беит Шемеш, организирани од про-демократиски активисти.

Израелскиот претседател, кој има пред се церемонијална улога, вообичаено избегнува да заземе политичка став.