Тепачка во иранскиот парламент

Иранскиот парламент.

Се степаа владин функционер и пратеник во иранскиот парламент, за време на дискусијата за владините субвенции. За време на собраниската дебата, шефот на владиниот оддел за субвенции Бехруз Моради удрил еден пратеник во лице, а потоа неколку минути се бореле. Звуците од тепачката можеле да ја слушаат и граѓаните, зашто државното радио директно ја пренесувало седницата.

До нападот дошло, откако пратеникот ја обвинил владата дека не ги испаќа субвенциите за фирмите што обезбедуваат гас за затоплување, струја и вода. Тепачката завршила кога парламентарниот спикер Али Лариџани му наредил на Моради да ги напушти просториите.

Владата минатата година драстично ги намали субвенциите за енергенси и за храна, но тврди дека редовно ги исплаќа.