Кина ќе го гради највисокиот аеродром во светот

Илустрација: Тибет.

Кина најави дека на Тибет ќе изгради аеродром на највисока надморска височина во светот. Кинеските државни медиуми објавија дека аеродромот ќе се гради во градот Нагчу на надморска височина од 4.436 метри. Тоа е 100 метри повисоко од аеродромот во градот Чамдо, исто така во оваа планинска област.

Во Тибет има пет цивилни аеродроми од кои два работат само неколку месеци во годината поради екстремно лошите временски услови.

Кинеските власти велат дека со инвестирање во инфраструктурата ќе допринесат за развој и подигање на животниот стандард во овој регион, но тибетските активисти се плашат дека ова ќе го забрза доселувањето на Кинези во регионот со што ќе се разводени тибетската будистичка култура.