Формиран конзорциум за гасоводот од Азербејџан до Турција

Азербејџан и Турција ќе формираат заеднички конзорциум за изградба на гасовод меѓу двете земји, откако го потпишаа меморандумот за разбирање. Азербејџанската државна енергетска компанија СОКАР и турската енергетска компанија БОТАС се партнерите кои ќе го градат гасоводот со капацитет од 16 милијарди кубни метри гас низ Турција. Изградбата ќе чини околу 5 милијарди долари и би требало да биде готов за 5 години.