Координација на границата меѓу Авганистан и Пакистан

Американскиот генерал Џејмс Матис, командант на централната команда, изјави дека е потребна координација на границата меѓу Авганистан и Пакистан за да бидат избегнати инциденти, како оној кога загинаа 24-ца пакистански војници. Тој го повика Пакистан да информира за своите позиции и објекти на границата со Авганистан.