Ал Каеда ја превзеде одговорноста за нападите во Багдад

Ирачката експозитура на Ал Каеда денеска ја превзела одговорноста за бранот бомбашки напади во Багдад во минатата недела, кога беа убиени 69 луѓе, а над 200 беа повредени. Според пораката на таа група, постирана на интернет, бомбашките напади биле во знак на подршка на сунитите, на оние што се во затвор и на егзекутираните.