Јанкуловска и Дачиќ за безбедноста на ЕП во ракомет

Делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предводена од министерката Гордана Јанкулоска и директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски денеска, на покана на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, ќе престојуваат во еднодневна работна посета во Ниш. Во Собранието на градот Ниш, како што е најавено, министрите за внатрешни работи Ивица Дачиќ и Гордана Јанкулоска ќе потпишат протокол за соработка во областа на безбедноста по повод претстојното европско првенство во ракомет во, што ќе се одржи во Србија.
Делегациите предводени од министрите Дачиќ и Јанкулоска ќе извршат и обиколка на спортската сала каде ќе се играат натпреварите на македонската репрезентација.