Бразил шеста економија во светот

Знамето на Бразил

Бразил ја престигна Велика Британија и стана шеста најголема светска економија, објави Центарот за економија и бизнис истражувања од Лондон. Во својата најнова табела Центарот укажува на подем на азиските и назадување на европските земји. Русија исто така напредувала за едно место и сега е деветта, а се предвидува до 2020 година да се најде на четвртото место во светот. Според Центарот, трите водечки економски сили САД, Кина и Јапонија, ќе ги задржат истите позиции и до 2020 година.