Ким Џонг Ун ја презеде целосната контрола врз Северна Кореја

Ким Џон Ун оддава почит пред ковчегот на неговиот починат татко, Ким Џонг Ил.

Севернокорејските државни медиуми го нарекоа Ким Џонг Ун, синот на починатиот лидер Ким Џонг Ил, претседател на Централниот комитет на Работничката партија. Според аналитичарите, ова е знак дека Ким Џонг Ун ја презема целосната контрола врз земјата.

Претходно, државните медиуми објавија дека тој е „врховен лидер“ на севернокорејската армија.

Ким Џонг Ун денеска се сретна со јужнокорејска делегација, предводена од сопругата на поранешниот јужнокорејски претседател Ким Дае Јунг, Ли Хи Хо, која дојде во земјата да изрази сочуство за смртта на неговиот татко.