Папата ги осуди бомбашките напади во Нигерија

Папата Бенедикт XVI ги осуди бомбашките напади врз католички цркви во Нигерија во кои на Божиќ загинаа скоро 40 луѓе. Тој рече дека само почитувањето и помирувањето може да донесат мир, а не насилство. Папата рече дека со длабока тага ја примил веста за „апсурдните“ напади во Нигерија.

Одговорноста за нападите ја презеде исламистичката организација Боко Харам.

Претходно и Белата куќа ги осуди нападите, нарекувајќи ги бесчувствителни. САД им ветија на нигериските власти дека ќе им помогнат да ги изведат одговорните за нападите пред лицето на правдата.

Велика Британија оцени дека тоа се кукавички напади.