Убиени десетина луѓе во Сирија

Активисти за човекови права јавуваат дека најмалку 13 луѓе денеска биле убиени од сиријските безбедносни сили во градот Хомс. Ова се случи во моментот кога во Сирија пристигна 50 члена делегација на Арапската лига во посета на местата каде што имало насилство. Тоа е дел од договорот постигнат со претседателот Башар ал Асад со кој е предвидено повлекување на сиријската армија, но и на бунтовничките сили и прекин на сите видови насилство. Од почетокот на антивладините протести во март годинава досега во Сирија загинале над 5 илјади луѓе.