Јапонија бара од Кина да влијае врз Северна Кореа

Јапонскиот премиер Јошихико Нода

Јапонија побара денеска од Кина да одигра поголема улога со цел Северна Кореа да не предизвикува нестабилност во регионот по смртта на лидерот Ким Џонг Ил. Јапонскиот премиер Јошихико Нода кој е во посета на Пекинг исто така побара од кинескиот претседател Ху Џинтао да разменува информации за развојот на настаните во Северна Кореа по предавањето на власта врз Ким Џонг Ум.