Осуден уште еден кинески дисидент

Во Кина денеска е осуден уште еден дисидент за субверзивни активности против државата. Станува збор за Чен Џи кој доби 10 години затвор поради неговите есеи, објавени на интернет, во кои тој ја критикува владејачката Комунистичка партија. Пред четири дена на девет години затвор, исто така за објавување есеи на интернет, беше осуден кинескиот активист Чен Веи.