Ким Џонг Ун, лидер на Работничката партија

Ким Џонг Ун

Севернокорејските државни медиуми денеска за првпат го преставија наследникот на починатиот лидер Ким Џонг Ил како шеф на Централниот комитет на владејачката Работничка партија. Станува збор за клучното место кое сугерира дека Ким Џонг Ун е на пат да ја преземе целата контрола во Северна Кореа. Претходно тој од страна на медиумите беше назначен како врховен лидер на севернокорејската армија. Ким Џонг Ум ќе биде третата генерација на семејството Ким кое владее во таа земја. Инаку, сопругата на починатиот поранешен јужнокрејски претседател Ким Дае Џунг отпатува во Северна Кореа каде што в среда ќе присуствува на погребот на Ким Џонг Ил кој почина на 18 декември.