Русија-судот му продолжи притвор на опозициски активист

Полицијата го апси Удалтсов

Опозицијата во Русија ја оцени како срамна одлуката на рускиот суд, опозоцискиот активист Сергеј Удалтсов да остане уште 10 дена во притвор. Тој требаше да биде ослободен вчера, по поминати повеќе од 15 дена во притвор. Удалтсов беше уапсен за време на пост- изборните протести во Москва, на почетокот на декември. За време на притворот опозицискиот активист откако штрајкуваше со глад, беше хоспитализиран. Во Русија се уште се одржуваат демонстрации на кои луѓето бараат нови фер избори и крај на владеењето на Владимир Путин.