ОН и Ирак постигнаа договор за кампот Ашраф

Обединетите нации потпишаа договор со ирачката влада , да се згрижи група на ирански бегалци кои живеат со години во камп во североисточен Ирак. Од ОН соопштија дека владата на Ирак ќе ги смести бегалците на привремена локација.
Во кампот наречен Ашраф, има околу 3.400 Иранци кои се непријателски расположени кон иранскиот режим. Поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин им дозволи на муџахедините да постават камп по иранско-ирачката војна во 80-те години на минатиот век.
Ирачкиот премиер Нури ал-Малики неодамна се согласи да го продолжи рокот на уште една година како краен рок за време на кое кампот треба да се затвори.
САД го поздравија новиот договор. Државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека договорот е значајна мерка и чекор кон хумано решавање на тековната состојба во кампот Ашраф. Соединетите држави понудија помош на ирачката влада во овој случај.