Загинаа 22 туристи на божиќно крстарење во Индија

Се стравува дека 22 туристи што биле на божиќно крстарење во Индија загинале, откако нивниот брод се преврте и потона во езеро во близина на градот Ченаи на југот на земјата, соопштуваат владини претставници.
На бродот се качиле 25 члена на едно семејство. Тројца ја преживеале несреќата. Полицијата досега ги нашла телата на осум загинати.