Иран - Ако не може каменување, тогаш бесење

Осудената Сакине Мохамади Аштани.

Казната на Иранката осудена на смрт со каменување за прељуба, може да се преиначи во смрт со бесење. Властите велат дека ако провинцијата каде што е осудена Сакине Мохамади Аштани нема услови да ја изврши смртната казна со каменување според шеријатското право, тогаш казната може да се преиначи во смрт со бесење, затоа што „главна цел е егзекуцијата“.