Кремљ - Мнозинството во Русија го поддржува Путин

Протести во Москва.

Премиерот Владимир Путин се уште ја има поддршката од мнозинството граѓани на Русија, изјави неговиот портпарол Дмитри Песков, по вчерашниот досега најголем протест против владеење на Путин во Русија. Тој рече дека Русите треба да го почитуваат мислењето на мнозинството.

Последниот советски лидер Михаил Горбачов вчера го повика премиерот Владимир Путин да го следи неговиот пример и да се повлече. Во интервју за московското радио „Гласот на Москва“, Горбачов изјави дека ако Путин ги исполни барањата на демонстрантите и се повлече од власт ќе биде запаметен по позитивните работи кои ги направил за време на неговото 12-годишно владеeње.

Десетици илјади луѓе вчера протестираа на улиците во Москва и во неколку десетици руски градови во досега најголемите протести против владеењето на Путин. Повод за протестите се неодамнешните избори, за кои опозицијата тврди дека биле наместени во корист на владејачката партија.