Инцко: Србија и Косово по кинеско-тајвански модел

Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко во интервју за виенски „Курир “ изјави дека кинеско-тајванскиот модел би можел да биде решение за косовскиот проблем. Тој додава дека од интензивна соработка во сите сфери најмногу корист би имале Србите во централно и јужно Косово и тоа без формално признавање на независноста. Инцко изрази уверување дека за Србија и Црна Гора ќе има добри вести на следниот самит на ЕУ во март 2012 година. Зборувајќи за БиХ, Инцко оцени дека Дејтонска Босна треба прво да биде во целост функционална и преку промена на Уставот сите граѓани да добијат можност да се кандидираат за сите функции во државата.