Иранската морнарица стартува со воени вежби во меѓународни води

Иранската морнарица денеска ги започна десеттнавните воени вежби во меѓународните води во близина на стратегиската нафтена рута која минува низ Ормускиот Теснец. Новинската агенција Асошиетед прес јавува дека со воените вежби, иранските бродови може да се доближат до американската морнарица која е стационирана во регионот. Ормускиот Теснец е од стратегиско значење затоа што низ него минуваат околу една третина од нафтените танкери во светот.