Нова офанзива против курдските бунтовници во Турција

Турски војник, провинција Сирнак

Турските безбедносни сили убија 27 курдски бунтовници во петдневната офанзива во планинското подрачје во југоисточниот дел на земјата.
Како што соопштија властите, за време на операцијата во провинцијата Сирнак, во која учествуваат и хеликоптери и борбени авиони, биле уапсени 5 бунтовници, се наведува во соопштението на канцеларијата на гувернерот на таа провинција.
Ова е втора офанзива на турската војска против курдските бунтовници оваа недела.