Ирански воени вежби во теснецот Ормуз

Ирански воен брод

Иранската морнарица соопшти дека денеска започнала десет дневни воени вежби во теснецот Ормуз клучната поморска нафтена траса.
Командантот на морнарицата Набибулах Саџари изјави дека вежбата Велајат – 90 ќе се изведува источно од теснецот па до Аденскиот залив.
Целта била да се покаже посветеноста и моќта на иранските сили како и да се испрати порака на мир во теснецот, во морето на Оман и слободните води на Индискиот Океан.
Околу една третина од нафтените танкери во светот минуваат низ Ормуз, покрај иранската поморска гранична линија. САД распоредија бродови со цел да обезбедат дека теснецот ќе остане отворен.