Србија најавува организирање избори и на Косово

Горан Богдановиќ

Српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ денеска изјави дека локалните и парламентарните избори во Србија што ќе се одржат во 2012 година, ќе бидат организирани и на Косово. Тоа Богдановиќ го изјави на седницата на ресорната комисија на српското Собрание, на која се разгледуваше предлог-буџетот за следната година. Србија не ја признава независноста на Косово и се уште го смета за своја јужна покраина.