Избрана новата Влада во Хрватска

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ му го предава мандатот на Зоран Милановиќ

Хрватскиот сабор денеска ја избра новата левоцентристичка Влада на премиерот Зоран Милановиќ, чија главана цел ќе биде намалување на буџетскиот дефицит, спроведување на мерките за штедење, како и извршување на реформи за излез од економската криза. Новиот премиер Милановиќ при презентацијата на владината програма пред Саборот изјави дека земјата е во опасна економска ситуација, но дека има шанси за заздравување. Во областа на надворешната политика Загреб има намера да ги развива односите со соседните земји, но не на штета на хрватските интереси, нагласи Милановиќ.