Туркменистан и Русија го координираат извозот на гас

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов, кој е во посета на Русија, денеска во Москва се состана со рускиот премиер Владимир Путин. Бердимухамедов му честитал на Путин за кандидатурата за претседател на Русија, и изразил надеж дека ќе победи. Инаку, една од главните теми на разговорите е меѓусебната координација во извозот на гас.