Унгарски пратеници протестираа пред Парламентот

Унгарската полиција денеска ги растера демонстрантите од пред парламентот, меѓу кои и поранешниот премиер Ференц Ѓурчани, кои се обидуваа да ги спречат пратениците да влезат на седница. Имено, Ѓурчани им се приклучи на пратениците од зелената левичарска партија, кои направија обрач пред парламентот во Будимпешта, со цел да го спречат денешното гласање за Законот, кој, според опозицијата, е на штета на демократијата.