Отфрлено барањето на Русија за истрага во Либија

Американската амбасадорка во Светската организација Сузан Рајс

Русија не успеа да го убеди Советот за безбедност на Обединетите нации да нареди истрага за извештаите дека десетици цивили би можело да бидат убиени во воздушните напади на НАТО за време на конфликтот во Либија. Американската амбасадорка во Светската организација Сузан Рајс го осуди обидот на Русија, нарекувајќи го трик со цел да се одвлече вниманието од рускиот неуспех во врска со резолуцијата за осуда на сирискиот режим за убивањето антивладини демонстранти. Рајс додаде дека со воздушната акција на НАТО биле спасени илјадници цивили во Либија.