Самоубиствени бомбашки напади во Дамаск

Дамаск

Сиријската државна телевизија објави дека самоубијци активирале автомобили бомби во две бази на безбедносните сили во главниот град Дамаск. Телевизијата за нападите ја обвини Ал Каеда. Новинските агенции повикувајќи се на очевидици, јавуваат дека по експлозиите дошло и до жестоки престрелки. До ова доаѓа пред најавената посета на мисијата на Арапската лига која треба да го надгледува планот за запирање на деветмесечнитте крвави настани во таа земја поради протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад.