Хаг одби привремено да го ослободи Харадинај

Трибуналот во Хаг го одби барањето на адвокатите на екс премиерот на Косово Рамуш Харадинај за негово привремено ослободување со образложение дека може да го загрози процесот. Во барањето на одбраната се наведува дека Харадинај бара привремен одмор од 16 декември до осми јануари 2012 година. Ова барање адвокатите го образложуваат со фактот дека сите сведоци веќе сведочеле на повторното судење. Исто така тие гарантирале дека додека биде привремено ослободен Харадинај ќе престојува само во неговата куќа во Приштина, дека нема да дава никаква политичка изјава и нема да се вклучува во никава политичка активност. Судењето против Рамуш Харадинај, кој е лидер на Алијасата за иднината на Косово ќе продолжи на 13 февруари идната година.