Пакистанската војска не ја прифаќа истрагата за инцидентот на НАТО

Пакистански војници

Пакистанската војска не ги прифати заклучоците од истрагата која ја спроведоа САД за воздушниот напад на НАТО силите при кој загинаа 24 пакистански војници во минатиот месец на границата со Авганистан.
Според истрагата и американските и пакистанските сили направиле грешки при инцидентот. Пакистанската војска обвини дека истрагата била недоволно поткрепена со факти.