Бојкот на чествувањето на Ким Џонг Ил во ОН

Ковчегот со телото на Ким Џонг Ил во музеј во Пјонгјанг

САД, Јапонија и ЕУ го бојкотираа моментот на тишина во генреалното собрание на ОН во чест на починатиот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ил. Според извештаите немало ни говор во чест на Ким, а и просторијата на Генералното Собрание била полупразна.
Претседателот на Генералното Собрание, Насир Абдулазиз ал Насер изјави дека моментот на тишина бил според протоколот, бидејќи мисијата на Северна Кореја при ОН побарала да се спроведе во чест на почитаниот лидер.