Серија бомбашки напади во Багдад

Во серија на бомбашки напади низ Багдад загинаа најмалку 68 лица, а десетици се повредени. Властите соопштија дека имало повеќе од 16 експлозии низ главниот град на Ирак, што е прв координиран напад по кризта која се појави меѓу шиитските и сунитските политички фракции.
Се уште не се знае кој стои позади нападите, а голем дел од нив се случиле во шиитските населби.