Силен земјотрес во Нов Зеланд

Крајстчрч по земјотресот во февруари

Силен земјотрес со јачина од 5.8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Крајстчрч во Нов Зеланд. Полицијата соопшти дека најмалку едно лице е повредено и пренесено во болница, но се уште нема извештаи за посериозни повреди и штети. Немало ни предупредување за појава на цунами.
Градот се уште се опоравува од земјотресот во февруари при кој загинаа 180 луѓе.