За девет месеци убиени 2.000 сириски војници и полицајци

Сириски дисиденти сега војуваат против армијата.

Повеќе од 2.000 припадници на безбедносните сили се убиени во деветмесечните насилства во Сирија, објави сириската државна новинска агенција САНА. Агенцијата објавува дека овие бројки се дел од писмото од владата до Советот за безбедност и Советот за човекови права на ОН. Според ОН, сириските сили во посочениот период убиле околу 5.000 луѓе, најголем дел од нив цивили.