Тимошенко ќе го бојкотира процесот пред Апелациониот суд

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко во затвор.

Затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко изјави дека ќе го бокјотира „срамниот“ жалбен процес пред Апелациониот суд во Киев. Таа ја обжали пресудата со која беше осудена на 7 години затвор за злоупотреба службената должност и овластувања. Тимошенко вели дека процесот се претворил во „хорор шоу“ и го обвини претседателот Виктор Јанукович дека комплетно го уништил судскиот систем. Нејзините адвокати потврдија дека нема да се појавуваат на расправата. Апелациониот суд ќе расправа по жалбата без претставници на одбраната.