Франција ќе казнува негирање на геноцидот на Ерменците

Протест на Турците пред францускиот парламент во Париз.

Долниот дом на францускиот парламент го изгласа законот со кој кривично ќе се одговара за негирањето дека убивањето милиони Ерменци за време на Отоманската империја било геноцид. Законот се предвидува казна од една година затвор и 45 илјади евра доколку некој одбива да признае дека убивањето Ерменци во текот на Првата светска војна од страна на тогашниот турски режим било геноцид.

Донесувањето на законот ќе ги наруши односите на Франција со Турција, која веќе најави противмерки.