Воени вежби на иранската морнарица

Брод во Персискиот Залив.

Иранската воена морнарица ќе одржи десетдневни воени вежби во меѓународни територијални води надвор од Ормускиот теснец. Вежбата наречена Велајат-90 ќе почне в сабота.

Иранските власти демантираат дека поради вежбата ќе биде затворен Ормускиот теснец преку кој помунува околу 40 отсто од нафтата во светот, што се транспортира со танкери.

Овој теснец го поврзува Персискиот Залив со Арапското Море.