Францускиот Парламeнт ќе дебатира по Предлог-законот за „геноцидот врз Ерменците“

Долниот дом на Парламентот во Франција треба да го разгледа предлог законот со кој за кривично дело се прогласува одрекувањето дека масовните убиства на повеќе од милион ерменци во Отоманската империја биле геноцид. Противејќи се на тој став и пропис Турција најави мерки против Франција и оцени дека законот ќе предизвика тензии мегу двете земји.Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека првите од неколкуте мерки што ќе бидат преземени пртив Франција тој ќе ги објави во текот на денот.