Набљудувачи на Арапската лига ќе пристигнат во Сирија

Набљудувачи на Арапската лига ќе пристигнат во Сирија за да се подготват за мониторирање на арапскиот мировен план. Делегацијата пристигнува еден ден откако активистичките групи ја нарекоа крвопролевање пресметката со демонстрантите кои веќе девет месеци бараат смена на режимот на Башар ал Асад. Набљудувачи од Хјуман Рајтс Воч објавија дека сириските безбедносни сили убиле 111 цивили и активисти во пресметката од пред два дена. Франција регираше дека убиствата се масакр, а САД повикаа на ставање крај на насилствата.