Затворањето на иранскиот камп во Ирак одложено за шест месеци

Архивска фотографија: Протест во кампот Ашраф на 9 април 2011 година.

Ирачкиот премиер изјави дека дал рок од шест месеци за затворање на кампот Ашраф во кој со децении живеат Иранци протерани или пребегнати од тамошниот режим. Премиерот Нури Ал Малики рече дека генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го замолил да го одложи затворањето на кампот што беше предвидено за крајот на годинава.

Во Ашраф живеат околу три илјади Иранци кои своевремено беа под заштита на поранешниот ирачки претседатал Садам Хусеин. Тие пак го поддржаа во војната против Иран во 80-тите години од минатиот век.

Сега, ирачката шиитска влада сака да го затвори кампот и да ги пресели жителите на друга локација. ОН бараат повеќе време за решавање на проблемот.