Секој петти Севернокореец на улица го оплакува Ким Џонг Ил

Милиони луѓе излегоа на улиците да жалат за смртта на „Драгиот лидер“ Ким Џонг Ил, кој почина во понеделникот на 69 години, објавија државните медиуми. Севернокорејската државна новинска агенција јави дека најмалку 5 милиони луѓе се собрале пред статуите и портретите на починатиот претседател околу главниот град Пјонгјанг да му изразат почит. Тоа е една петтина од населението.