Премиерот на Ирак бара од Курдите да го предадат вицепремиерот

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики денеска ги повика властите во автономниот курдски регион да го предадат вице-премиерот Тарек Ал Хашеми, кој е обвинет за предводење на смртоносни бригади кои убивале политичари. На денешната прес конференција во Багдад, Малики изјави дека Хашеми мора да се соочи со правдата. Хашеми ги отфрла сите обвинувања против него.