Десетици загинати во немирите во Сирија

Сириските безбедносни сили вчера убиле најмалку 47 луѓе во пресметката со демонстрантите кои веќе 9 месеци бараат смена на режимот на претседателот Башар ал Асад, со што бројот на загинати во последните два дена се искачи на 150, соопштија активистички групи. Тие наведуваат дека меѓу загинатите има и 70 воени дезертери кои ги напуштиле своите позиции на границата со Турција.
Истовремено, сириската државна телевизија прикажува слики од воени вежби, потенцирајќи дека нивната цел е да се покаже оти сириската армија е подготвена да се справи со секаква агресија на која би можеле да помислат нејзините непријатели.