Во Москва има 11 и пол милиони жители

Резултатите од пописот на населението во Русија од 2010 година покажуваат дека во главниот град Москва има 11 милиони и 514 илјади жители, што претставува раст од 11 насто во однос на пописот од 2002 година. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека во споредба со претходниот попис, населението на Москва е зголемено за повеќе од милион луѓе.