Времето денеска променливо со локален снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура се движи од минус осум до нула, а дневната ќе биде од нула до шест степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до четири степени.