Стразбур - Русија потфрлила во заложничката драма во театарот Дубровка

Операција за ослободување на заложниците од театарот Дубровка на 26 октомври 202 година.

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Русија згрешила за време на спасувањето на заложниците кои беа држени од чеченски терористи во московскиот театар Дубровка во 2002 година. Судот во Стразбур одлучи дека Русија имала право да употреби сила за да ја реши заложничката драма, но оти посветила премалку грижа за евакуација и лекување на заложниците.

Судот и нареди на Русија да им исплати на 64 преживеани и роднини на жртвите 1,64 милиони долари плус трошоци.

Околу 40 чеченски терористи на 23 октомври 2002 година упаднаа во театарот и држеа во заложништво околу 900 луѓе. Во спасувачката операција загинаа 130 цивили. Напаѓачите бараа руските војници да се повлечат од Чеченија.