Санадер поднесе барање за пратеничка пензија

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер пред судот во Загреб.

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер кому му се суди за примање поткуп, денеска во Хрватскиот сабор поднесе барање за пратеничка пензија. Санадер разговараше со претседателот на Саборот Лука Бебиќ, кому му се заблагодари што со својот имот гарантирал за негово пуштање од притвор. Тој дојде во Саборот за да го регулира својот стаус како независен пратеник, кој му истекува за два дена со конституирањето на новиот состав. Поранешниот хрватски премиер во петокот е пуштен да се брани од слобода.